Во Црното Море бродови на НАТО, руските ги следат – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 11:05 AM

Во Црното Море бродови на НАТО, руските ги следат

Воените бродови на НАТО што впловиле во Црното Море се следени од руската морнарица, соопштува руското Министерство за одбрана.

Во Црно Море впловиле холандски разурнувач и шпанска, канадска, бугарска и романска фрегата, а се следени од руските воени бродови „Василиј Биков“ и „Иван Хурс“.

НАТО претходно потврди дека група бродови е распоредена во регионот за да учествува во вежбата „Морски штит“, заедно со украинскста и грузиската морнарица, а Москва предупреди дека зголеменото воено присуство на Алијансата во близина на руските граници може да предизвика воен судир.