Ограбен 18 годишен државјанин на Шведска – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 10:43 AM

Ограбен 18 годишен државјанин на Шведска

Осумнаесет  годишниот државјанин на Шведска Л.К.А синоќа пријавил во полиција дека бил ограбен во Кавадарци.

Според пријавата, разбојништвото се случило  на улицата „Илинденска”, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Непознато  лице со закана му одзело пари и побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.