Пожарот во Липково се уште активен – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 10:41 AM

Пожарот во Липково се уште активен

Се уште е активен пожарот во липковско, над село Никуштак, кон Матејче до Влајин Гроб, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми”.

Директорот на подружницата Луан Бајрами изјави дека и денеска екипи на вработени ќе го гасат пожарот кој вчера зафати површина од 60-тина хектари и дека ќе побараат помош од надлежните институции, кои пак вчера гасеа со два авиони во четири наврати.

– Пожарот веќе е на многу висока точка. Ветерот неповолно влијае, цистерните на протипожарните единици немаат можност да пристигнат на локацијата поради непристапниот терен. Нашите едкипи постојано се на терен, изјави Бајрами.

Дирекцијата за заштита и спасување, покрај со авиони, заедно со екипите на кумановската противпожарна единица, вечра биле на местото зафатено од пожар.

Во пожарот покрај сува трева, деградирана и нискостеблеста шума, зафатена и висока дабова шума. Во соопштението на РЦУК Куманово се наведува дека и општина Липково побарала помош од надлежните институции да го изгасат пожарот.