Априлијада под мотото „Скопје се смее” – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/19 9:14 AM

Априлијада под мотото „Скопје се смее”

Детскиот културен центар „Карпош” и Град Скопје во понеделник на плоштад Македонија организира детска журка Априлијада „Скопје се смее”, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на Град Скопје.

– Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции на ДКЦ „КАРПОШ”, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен. Многу насмевки за децата и музички дел со мото „од дете за дете”. Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди во својата категорија, тоа се децата со Даунов синдром од „Трисомија21″. Годинава објавуваме конкурси до основните училишта за најдобра маска и карикатура за кои следуваат дипломи, се вели во соопштението на ДКЦ „Капрош”.

Априлијадата „Скопје се смее” е поддржана од Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов.