Миграции град – село во тетовска Брвеница – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 7:12 PM

Миграции град – село во тетовска Брвеница

Додека трендот на миграции од село в град е се’ поинтензивен, во руралната општина Брвеница во полошко е сосема обратна состојбата.

Честопати жителите од други место претежно од Тетово, купуваат земја во Брвеница и градат куќи. Градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити смета дека овој тренд може да се интензивира во неговата општина, но и во другите рурални општини, ако истите се урбанизираат, но со помош на централната власт. Така ќе се врати населението во селата, а во градовите ќе се живее многу покомотно, а не како сега во урбан и сообраќаен хаос.

Тој додаде дека и Брвеница не го одминува феноменот на исселување на младите. Брвеница следната година ќе добие детска градинка, и таа ќе биде прва рурална општина во тетовско која добила ваква детска установа.

 

Зоран Димовски