Александра Јанева за првпат со авторска песна: „Одговор“ доби и видео запис – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 5:24 PM

Александра Јанева за првпат со авторска песна: „Одговор“ доби и видео запис

„Одговор“ е насловот на песната која денеска ја промовираше Александра Јанева. Промоцијата на ова музичко парче кое доби и свој видео запис, доаѓа неполн месец по издавањето на синглот „Срце отвори“.

Текстот на најновата песна, авторски го потпишува самата пејачка, а за музиката таа соработуваше со Тино Стојановски.  На нивната соработка пак, во однос на аранжманот, се придружи Иван Јованов Iwayo.

За мене „Одговор“ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. „Одговор“ е за изневерената толеранција, доверба, љубов“, вели пејачката за своето прво авторско дело – изјави Јанева.

https://www.youtube.com/watch?v=Q9Fx7IIgFjc&feature=youtu.be