Градови со најниско ниво на стрес во светот – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 4:20 PM

Градови со најниско ниво на стрес во светот

Нашиот секојдневен живот честопати е преоптоварен со стрес. Но сепак, сè уште постои оаза на мир – градови чии жители живеат малку порелаксиран живот.

Колку пати од вашиот партнер, пријател, блиски членови на семејството и подалечни сте добиле добронамерно предупредување за да го намалите нивото на стрес во животот? Веројатно неколку пати. И тоа не е дека не сте се обиделе да го примените тој совет, но стресот е едноставно насекаде – на работа, во сообраќајот, во банката додека чекате ред за да ги платите сметките.

На листата доминираат европските градови

Меѓутоа, дури и во таков стресен свет, можете да најдете мирни, опуштени места. Англиската компанија “Zipjet” објави листа на градови со најниско ниво на стрес, пренесува Index.hr. До крајната цел пристигнале врз темелите на следните параметри – износот на плата, стапката на невработеност, сообраќајните услови, нивото на менталното здравје, количината на зелени површини, зачестеноста на грабежи и убиства и бројот на сончеви саати годишно.

На крајот, резултатите покажаа дека градот со најмалку стрес е Штутгарт, а на листата доминираат европските градови.

Еве го и конечниот распоред:

  1. Штутгарт, Германија
    2. Луксембург, Луксембург
    3. Хановер, Германија
    4. Берн, Швајцарија
    5. Минхен, Германија
    6. Бордо, Франција
    7. Единбург, Обединето Кралство
    8. Сиднеј, Австралија
    9. Хамбург, Германија
    10. Грац, Австрија
    11. Цирих, Швајцарија
    12. Сиетл, САД
    13. Велингтон, Нов Зеланд
    14. Ница, Франција
    15. Дрезден, Германија
    16. Осло, Норвешка
    17. Окленд, Нов Зеланд
    18. Хелсинки, Финска
    19. Абу Даби, ОАЕ
    20. Мелбурн, Австралија