Зошто сте поефикасни кога имате повеќе обврски? – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 4:14 PM

Зошто сте поефикасни кога имате повеќе обврски?

Дали некогаш сте се запрашале – како е можно да излезете на крај со обврските кога ги имате премногу? Од друга страна, ако имате само една задача пред вас, ја одлагате до последно… Одговорот го дава психологијата.

Забрзаниот живот во 21 век не ”меле”, но научниците докажаа дека колку повеќе обврски имате, толку побрзо и поефикасно ги работите.

И затоа, не бегајте од новите задачи, бидејки така ќе стигнете да ги сработите и старите работи. Исто така, ако ви треба некоја услуга, контактирајте со (пре)зафатено лице, бидејќи е многу поверојатно дека ќе ви излезе во пресрет.

Психолозите велат дека луѓето кои имаат многу работа немаат навика да ги одложат своите обврски, подобро се организирани и се научени да се справат со негативните емоции и ненадејните ситуации.

Покрај тоа, тие побрзо ги извршуваат задачите од оние кои го имаат целото време на овој свет.

Луѓето со малку обврски секогаш одложуваат, а потоа прават драми кога ќе го пробијат рокот, додека зафатените знаат како да се справат со негативните емоции, да го решат проблемот и да изнајдат излез од магичниот круг на обврски.