Реал Мадрид можна нова дестинација за Икарди – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 4:56 PM

Реал Мадрид можна нова дестинација за Икарди

Фудбалерот на Интер, Мауро Икарди може да оди во Реал Мадрид – објави на својот твитер-профил  новинарот Танкреди Палмери, кој важи за добар познавач на италијанскиот фудбал

Според него, утрово почналепреговори меѓу претставници на „кралскиот клуб“ и на 26-годишниот Аргентинец.

„Трансфермаркт“ проценува дека цената на Икарди во моментов е 90 милиони евра.

Инаку, по подолга пауза, од вчера Икарди се врати на тренинзи во Интер. Нему, поради несогласувања со раководството на клубот, му беше одземена капитенската лента.

Оваа сезона Икарди настапи на 20 натпревари во Серија А и постигна девет гола.