Зошто е голема веројатноста дека ќе јадете повеќе ако седите пред телевизор? – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 3:58 PM

Зошто е голема веројатноста дека ќе јадете повеќе ако седите пред телевизор?

Вкусно парче пица додека гледате телевизија звучи како идеално сценарио, но не и за вашето здравје. Еве и зошто!

Ако живеете во стан каде што нема простор за трпезариска маса, веројатноста е голема дека ќе јадете на кревет, гледајќи телевизија. Сепак, лекарите предупредуваат дека конзумирањето на јадење во движење, пред телевизор, компјутер има штетно влијание врз варењето и предизвикува голем број сериозни проблеми.

Дигестија или варење е процес кој се состои од различни фази, од кои едната се нарекува цефалична фаза и почнува со мозокот пред храната да влезе во стомакот. Првата фаза на варење започнува со чувство за вид, мирис и размислување за вкусот на храната. Стимулира околу 20% од дигестивните ензими потребни за варење на оброците, објаснуваат нутриционистите.

Кога ќе се фокусирате на други работи, како на пример гледање омилена серија наместо храна, цефаличната фаза е успорена и може да предизвика појава на надуеност. Концептот на свесно јадење е многу важен, иако се чини дека е ирелевантен. Дајте и на храната внимание кое што го заслужува. Исклучете го компјутерот, заборавете на социјалните мрежи, седнете на масата и обрнете внимание на секој залак.

Побавната конзумација на храна и доброто џвакање го зголемуваат уживањето во вкусот. Најмалку 25 пати ќе џвакате еден залак, се додека храната не стане речиси течност.