Креативна работилница во Регионалниот Ресурсен Центар:Ученици од ДСУ,,Искра“изработуваа маски за ,,Денот на шегата“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 3:41 PM

Креативна работилница во Регионалниот Ресурсен Центар:Ученици од ДСУ,,Искра“изработуваа маски за ,,Денот на шегата“

Десетина ученици од Државното средно училиште ,,Искара“ од Штип, денес беа дел од Креативната работилница,што се одржа во Регионалниот  Ресурсен Центар.

Работилницата беше во организација на Младински Клуб а со поддршка на Радио Канал 77.

Бескрајно беше задоволството ,широка беше насмевката на сите деца кои што беа дел од оваа дружба.  Нивните вредни раце  изработија прекрасни маски полни со љубов,маски кои што  тие ќе ги  носат на денот на шегата ,,Први Април“

Нивната дружба не заврши овде.

Се прошетаа низ просториите  на Канал 77 и беа дел од моментот на радиската магија,која што може да се доживее само таму каде што започнува се’.

 

Дружбата продолжи во ресторанот ,,Радио кафе“ каде што ги чекаше мала закуска.

,,Овие моменти кои што  овие деца ретко ги имаат ќе им останат во долго паметење“, вели дефектологот Јулија Атанасова, која што со уште една наставничка ги придружуваа децата на Креативната работилница.

,,Сликите и  впечатоци овековечени  на фотографиите што ги направивме  ќе ги споделиме  во групата на ФБ која што ја имаме  направено и каде што ги презентираме сите  активности“додаде Атанасова

Насмевките и прегратките кои што ги поделија децата со сите кои што им го овозможија оваа гостопримство,доволно зборуваа дека  нивна денешна дружба долго ќе се памети ,секако со желба да се повтори.