Тетово годинава ќе добие 7 градски еколошки автобуси – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 3:05 PM

Тетово годинава ќе добие 7 градски еколошки автобуси

Тетово годинава ќе добие 7 градски еколошки автобуси кои ќе бидат ставени во функција на Јавното претпријатие Градски превоз. Автобусите ќе бидат платени со заем од Светска банка.

За заемот од Светска банка, денеска гласаа советниците на Општина Тетово на денешната седница на советот. Градоначалничката Теута Арифи рече дека постапката за набавка на автобусите е при крај . Процедурата за набавка на автобусите ја води Светска банка, но истата ќе продолжи по одржувањето на претседателските избори.

Таа рече дека со пари од Светска банка годинава ќе се започне со градежни активности за пробивање на булеварите булеварите Благоја Тоска и Индустриска.

На денешната 18 – тата  седница на советот на Општина Тетово, беа изгласани 19 точки кои беа дел од дневниот ред.  Се изгласаа завршни сметки на општината и училиштата, а се изгласа и одлука за формирање на Центар за ран детски развој.

Зоран Димовски