Ирска – земја во која нема змии – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 12:27 PM

Ирска – земја во која нема змии

Земја без змии е репутацијата што ја има Ирска, па поради тоа во таа земја чувањето змии како домашни миленици станува статусен симбол. Има случаи на бегство или на ослободување на тие змии од страна на сопствениците, но, сепак, ниту една подоцна не е пронајдена во природата. Да се види змија во Ирска како ползи во природно опкружување е вистинско чудо.

Змиите никогаш не живееле во Ирска, пишува „Natioal geographic“, за разлика од другите островски земји. Некогаш многу одамна Ирска била припоена кон масивна копнена површина. Но тоа било во ледениот период, па копното било премногу студено за овие рептили.

Кога завршило леденото доба, пред речиси 10.000 години, глечерите се стопиле, па големи количества студена вода се слеале во сега непроодните простори помеѓу Ирска и соседството. Некои животни, како дивата свиња, рисот или мечката, успеале да се населат на тоа изолирано копно. Од рептилите таа среќа ја имал само еден вид гуштер, а змиите ја пропуштиле таа шанса.