Вработените во комуналното претпријатие „Чистота“ од хрватскиот град Вараждин во своите канцеларии досега имаат вдомено повеќе десетици мачки и кучиња, за кои внимателно се грижат додека да им се најде постојан дом.
Во моментот, како што пишуваат хрватски медиуми, во нивните канцеларии другаруваат со дваесетина мачки и со четири кучиња.



