Вараждин: Канцелариите ги делат со мачки и кучиња – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 12:23 PM

Вараждин: Канцелариите ги делат со мачки и кучиња

Вработените во комуналното претпријатие „Чистота“ од хрватскиот град Вараждин во своите канцеларии досега имаат вдомено повеќе десетици мачки и кучиња, за кои внимателно се грижат додека да им се најде постојан дом.

Во моментот, како што пишуваат хрватски медиуми, во нивните канцеларии другаруваат со дваесетина мачки и со четири кучиња.