Двотретинските закони што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 12:20 PM

Двотретинските закони што ги врати Иванов ќе го чекаат потписот на новиот претседател

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов ги врати во Собранието, и вчера повторно беа изгласани, ќе бидат испратени кај шефот на државата, но ако повторно не ги потпише, ќе биде закажана нова собраниска седница во рок од 30 дена од нивното носење, најави денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

За законите, пак, што Иванов ги врати, а е потребно двотретинско мнозинство седница ќе биде одржана по 6 мај кога се очекува да биде избран новиот претседател.

Инаку, во однос на реформските закони, Џафери рече нема формална пречка Собранието да заседава во време на изборна кампања, но досегашната пракса покажала дека седниците се злоупотребуваат во функција на изборната кампања, и затоа нама да закажува седници за време на изборниот процес. Смета и дека нема потреба да се брза и оти има простор и во текот на мај тие да бидат донесени, бидејќи Извештајот за земјата ЕК ќе го објави подоцна поради Европските парламентарни избори.