Неготинци можат да пријавуваат проблем до општината по електронски пат – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 11:16 AM

Неготинци можат да пријавуваат проблем до општината по електронски пат

Неготинци можат да пријавуваат проблем до Општина Неготино по електронски пат. Портпаролот Методи Митрев информира дека системот им овозможува по електронски пат во секое време од денот, седум дена во неделата, преку општинската веб-страница да пријавуваат комунален проблем. Тој проблем, општинските служби ќе се обидат да го решат,  или во најкраток можен рок да информираат  до каде е решавањето на пријавениот проблем.

-Секој граѓанин од листата на проблеми во менито на системот може да го одбере својот проблем и во пријавата да ја наведе точната адреса, или да ја опише локацијата на која треба да се врши интервенција, а треба да остави и контакт за стручните служби при општина Неготино да можат да одговорат на пријавата, појаснува Митрев. 

Граѓаните преку оваа форма можат да пријавуваат проблеми со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони на рушење, урбана опрема, градба и  дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.