Брунеи: Каменување и камшикување до смрт за хомосексуалците – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 11:13 AM

Брунеи: Каменување и камшикување до смрт за хомосексуалците

Брунеи, некогашната британска колонија со околу 430.000 жители, воведува, врз основа на Шеријатското право, нов закон, со кој луѓе од ист пол фатени на секс веднаш ќе бидат осудувани на смртна казна и тоа на брутален начин – со камшикување и каменување.

На ова предупредуваат повеќе меѓународни невладини организации за човекови права, барајќи од властите на таа земја, која се наоѓа на азискиот остров Борнео, да не го применува тој закон.

Малата земја богата со нафта веќе ги применува одредбите од Шеријатското право со кои хомосексуалноста е забранета и се казнува со десетгодишен затвор. Но, веќе од април властите имаат намера да ги воведат уште поригорозните мерки, со кои ЛГБТ-линостите ќе бидат сурово казнувани на споменатиот начин, а на крадците би им се сечеле рацете, дури и ако се малолетници и деца.