БиХ: Кај Сребреница се роди јагне со шест нозе – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 10:27 AM

БиХ: Кај Сребреница се роди јагне со шест нозе

На фармата на Мехо Мулалиќ од Поточари, кај Сребреница, Босна и Херцеговина, деновиве овца на свет донесе јагне со шест нозе – четири предни и две задни, пишува „Дневни аваз“.

– Двете предни нозе се нормални, а двете беа пократки. Ја известив ветеринарната станица во Братунац. Ветеринарите по прегледот ми предложија да ги отстранат двете пократки. Операцијата ја направија бесплатно, но јагнето не може на нозе – вели Мулалиќ.

Се надева дека наскоро јагнето ќе закрепне. За него има обезбедено посебно сместување во шталата и го подигал кога цица од мајката.