Малтешката морнарица ја презела контролата врз грабнатиот танкер од мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 10:24 AM

Малтешката морнарица ја презела контролата врз грабнатиот танкер од мигранти

Морнарицата на Малта утринава соопштила дека ја презела контролаа врз товарниот брод што бил грабнат од мигранти во вторникот вечерта.

„Танкерот“, неговата посада и сите мигранти во моментот се во придружба на морнарицата“, се наведува во соопштението. Бродот „Ел хиблу“ денеска претпладне треба да стигне во Малта, каде што мигрантите ќе им бидат предадени на полицијата заради истрага.

Група мигранти го грабнала бродот што претходно ги спасил на брегот на Либија и го принудила екипажот да го пренасочи кон Европа, откако екипажот сакал да ги врати во Либија. Малта првично соопшти дека нема да дозволи бродот да вплови во незините територијални води, а Италија оти не се работи за жртви на бродолом, туку за гусари.