„Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО” е темата на конференцијата, која денеска ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ.
На отворањето на конференцијата ќе се обрати вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
Во рамки на воведниот дел посветен на интеграцијата во НАТО и ефектите за Република Северна Македонија ќе се обратат и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, поранешниот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
МИА