Конференција „Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО” – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/19 8:10 AM

Конференција „Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО”

„Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО” е темата на конференцијата, која денеска ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Во рамки на воведниот дел посветен на интеграцијата во НАТО и ефектите за Република Северна Македонија ќе се обратат и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, поранешниот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

МИА