Офанзива на Барселона: Каталонците нудат „пакет“ за Рашфорд – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 4:26 PM

Офанзива на Барселона: Каталонците нудат „пакет“ за Рашфорд

Барселона е подготвена уште еднаш да го шокира фудбалскиот свет.

Каталонците се во потрага по нови засилувања за летниот преоден рок, а меѓу играчите кои се споменуваат како нови имиња на „Камп Ноу“ е и напаѓачот на Манчестер Јунајтер Маркус Рашфорд.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барса подготвила интересна понуда до Јунајтед а 21-годишниот фудбалер. Каталонците се подготвени да се откажат од Филипе Кутињо и Малком и двајцата ги нудат во замена за фантастичниот напаѓач.

Кутињо одамна се поврзува со „Црвените ѓаволи“. Постои интерес за неговиот потпис и секако оваа понуда на шпанскиот првак до екипата од „Олд Трафорд“ би можела да биде мошне интересна.

Меѓутоа, Јунајтед не сака да се откаже од Рашфорд. Ќе мора да се случи вистинско чудо да го прифатат она што Барса го нуди, но понудата секако привлекува поголемо внимание.

Каталонците покрај Кутињо во Манчестер се подготвени да го испратат и вториот Бразилец Малком, кој исто како и неговиот сонародник не се покажа најдобро во дресот на Барселона и константно се зборува за негово заминување.

Рашфорд претходно се споменуваше во контекст на преселба во Реал Мадрид. Од тоа сигурно нема да има ништо, а останува да се види што ќе се случи со евентуалната преселба во Барселона.

Младиот англиски фудбалер и оваа сезона е навистина добар во дресот на Јунајтед. одигра вкупно 38 натпревари и има учинок од 12 гола и девет асистенции.

Рашфорд за првиот тим на Јунајтед дебитираше кај Луј ван Гал уште како тинејџер и холандскиот стручњак направи добар потег со неговото внесување во екипата, со оглед на тоа дека младиот Англичанец стана важен фактор во играта на Јунајтед.