Драмата на Луис Енрике и заклетвата за молк во репрезентацијата на Шпанија – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 4:23 PM

Драмата на Луис Енрике и заклетвата за молк во репрезентацијата на Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија играше против Малта без селекторот Луис Енрике. Причина, како што беше објавено во краткото соопштение на шпанската федерација е семеен проблем. На прв поглед, не се гледа некоја причина за драма. Сепак, „Марка“ ја донесе целата приказна која, всушност, е вистинска драматична мистерија која владеела цел ден во таборот на државниот тим, поради која и играчите морале на разделбата да му ветат на Енрике дека ќе молчат.

Да биде јасно, ни денеска никој не знае, надвор од репрезентацијата, што се случило. Некоја тешка семејна драма го погодила Луис Енрике, кој во четири часот наутро, во друштво на психологот, го напуштил таборот на шпанскиот тим во Ла Валета и се упатил дома во Барселона.

Пред тоа, пред фудбалерите да заминат на спиење, Енрике одржал состанок со играчите, им објаснил за што станува збор и побарал од нив да му се заколнат дека таа приказна нема да излезе надвор од ѕидовите на таа просторија. Фудбалерите дале збор и завладеала заклетва за молк.

„Марка“ пишува дека фудбалерите по овој состанок речиси и да не спиеле. Тоа бил огромен шок за сите, дека на никого не му се играло. Капитенот Серхио Рамос пред поаѓањето на мечот напиша на социјалните мрежи:

„Шефе, сите сме многу тажни поради веста. Семејството е светост. Се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Сакаме да знаеш дека екипата е со тебе до смрт и дека ќе победиме за тебе. Ти посакуваме многу сила и храброст и ти испраќаме прегратки“.

Речиси идентични изјави дадоа и Алваро Мората и Марко Асенсио.

Наместо Луис Енрике, натпреварот од клупата го водеше неговиот помошник Роберт Морено, лице од најголема доверба. Каде и да бил Енрике во тренерската кариера, беше и Морено како негова десна рака. Поради сето тоа, по мечот изјави:

„Ова ми беше најтешкиот ден во целата професионална кариера“.

Мистеријата околу Луис Енрике засега останува…