УГД слави 12 години од постоењето – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 3:53 PM

УГД слави 12 години од постоењето

27 март е ден на формирање на универзитетот Гоце Делчев од Штип. Тој денес слави 12 години од неговото формирање.

Универзитетот Гоце Делчев има свои дисперзирани студии во Скопје, Кавадарци, Струмица и Прилеп, а по повод од 12 години од постоењето на оваа високо образовна институција се организира отворен ден на студентите кои ги презентираат програмите на сите факултети.

Следува изложба на студентите од ликовната академија и свечена академија на кој што ќе присуствува и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.