Откриени неисправни возила во јавниот превоз – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 12:17 PM

Откриени неисправни возила во јавниот превоз

При последната контрола на сообраќајната полиција, во полошкиот регион откриени се шест технички неисправни автобуси и комбиња што вршат јавен превоз.

Според СВР Тетово, вчера на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена уште една од планираните контроли на возила, претежно автобуси и комбиња.

– Со контролата вкупно биле опфатени 14 возила (ТЕ-3 и ГВ-11). Кај шест од нив откриена е техничка неисправност (ТЕ-1 и ГВ-5). Пет возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-1 и ГВ-4), додека едно неисправен уред за управување (ГВ ). На технички неисправните изготвени им се прекршочни платни налози и веднаш се исклучени од сообраќај, наведуваат од СВР Тетово.

На тетовското подрачје, контролирани се и три мотоцикли, при што утврдени се исто толку прекршоци. Еден го управувало лице без возачка дозвола, еден имал истечена регистрација, а еден не користел заштитна кацига. Прекршоците заокружени се со законски предвидените поднесоци.