Хрватска: На Јадранот недостигаат 15.000 чистачки – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 10:47 AM

Хрватска: На Јадранот недостигаат 15.000 чистачки

 

Во моментот најбарана професија во Хрватска се чистачките. Се проценува дека оваа сезона на Јадранот ќе недостигаат повеќе од 15.000 хигиеничарки, а во Загреб „гладот“ за чистачки е присутен преку цела година, пишува РТЛ.

– Очиглено, во овој момент само роботи би можеле да помогнат – вели претседателот на хрватскиот Синдикат за туризам и услуги, Едуард Андриќ.

Порано како хигиеничарки на Јадранот имало Хрватки, но поради иселувањето сега се ретки, а се’ поретки се и тие што доаѓаат од БиХ, Македонија и од Србија. Ако веќе решат да заминат од дома во странство, тие повеќе сега сакаат да отидат во некоја од западните земји, отколку да дојдат во Хрватска, пишуваат хрватски медиуми.