Протест на работниците на ЗК „Пелагонија“ на Орце Камчев – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 10:45 AM

Протест на работниците на ЗК „Пелагонија“ на Орце Камчев

Вработените на  Земјоделскиот комбинат “Пелагонија” од Битола денеска ја прекинаа работата и побара да им се исплатат платитите.

Дел од работниците се на состанок со раководството. Насобраните се гневни и изјавуват дека додека тие остануваат без плата, камионите на „Пелагонија“ редовно работат и носат профит за фирмата.

-Децата ни немаат леб да јадат, а некој таму се богати, изјавија насобраните, кои се заканија дека насилно ќе влезат во управната зграда на комбинатот.

Вработените исто така бараат К-15, што веќе три години не им се исплатува, а не добиваат ниту хранарина.

Компанијата на Камчев, некогашниот земјоделски гигант, која со години беше на врвот по искористени субвенции од државата, е задолжена со 23 милиони евра кај банките. Од пред два месеци сопственикот на Комбинатот Орце Камчев и член на бордот на директори Цветан Панделески, се во притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Осомничени се за злосторничко здружување, измама, перење пари и злоупотреба на службената положба.