Собранието ќе одржи две седници – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 10:43 AM

Собранието ќе одржи две седници

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ги одржи 93. и 94 седница.

На дневен ред на 94.седница на законите за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција.

Пратениците ќе ги разгледаа и законите за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за безбедност на сообраќајот на патиштата, за изменување и дополнување на Законот за банките, за супервизија на осигурување, за изменување и дополнување на Законот за енергетика, за спречување и заштита од дискриминација, за изменување и дополнување на Законот за работните односи…

На дневен ред на 93. седница се предлог законите за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации, за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи, како и дополнетите предлог закони за извршување на санкциите, за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, за Централен регистар на население, за електронско управување и електронски услуги, сите во второ читање.

На дневен ред се и предлог законите за социјалната заштита, за социјална сигурност за старите лица, за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, сите по скратена постапка, како и дополнетиот предлог – закон за практикантство во второ читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди, за изменување на Законот за Владата на Република Македонија во второ читање, дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка, за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка…