Во Сент Луис гори музеј во кој биле изложени оригинален ракопис од Колумбо, Гутеберговата Библија… – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 10:44 AM

Во Сент Луис гори музеј во кој биле изложени оригинален ракопис од Колумбо, Гутеберговата Библија…

Во Музејот на ретки ракописи во Сент Луис, САД, избил голем пожар, а судбината на документите од непроценлива вредност уште не е позната. Според првичните информации, повередени нема, иако еден кат од стогодишната трикатница се урнал во текот на пожарот, пренесува „Ројтерс“.

Локалниот весник во Сент Луис наведува дека во Музејот биле изложени и Гутенберговата Библија, првиот нацрт на американската Повелба на правата, рачно напишаното писмо од Кристофер Колумбо, во кое ги опишал бреговите на Америка…

Во гаснењето учествувале 80 пожарникари, кои се обиделе да изнесат и што повеќе незафатени кутии со документи, статуи… Причиите за пожарот се се’ уште непознати.