Пожар зафатил бандери за пренос на струја во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 10:06 AM

Пожар зафатил бандери за пренос на струја во Тетово

Горела нискостеблеста шума во атар на село Луковица, Општина Желино. МВР соопшти дека 26.03.2019 околу 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Суроч“, атар на село Луковица, општина Желино, настанал пожар на шумски предел сопственост на ЈПУ-ЗПП „Јасен“-Скопје. Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума и биле оштетени четири  дрвени бандери од среднонапонска мрежа, сопственост на ЕВН – подружница Тетово. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Тетово.