Дескоска:Амандманите на ВМРО ДПМНЕ стигнаа во 20:19 часот – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 9:43 AM

Дескоска:Амандманите на ВМРО ДПМНЕ стигнаа во 20:19 часот

Амандманите од ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, за кои лидерот Христијан Мицкоски изјави дека околу 16 часот биле испратени во Министерството за правда, стигнале во текот на вчерашниот ден, но четири часа подоцна.

Министерката Рената Дескоска во изјава за „Фокус“ потврдила дека амандманите пристигнале вчера, но во 20 часот и 19 минути.Претходно, откако од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа да си го провери мејлот, министерката на Фејсбук сподели фотографии од театар и напиша дека часовникот на ВМРО-ДПМНЕ доцни најмалку 4 часа.

– На вистинско место – на театар, додека надвор се случувала вистинска драмолетка околу амандманите. Денеска ВМРО-ДПМНЕ два пати покажа дека живеат во паралелна реалност: прво тврдеа дека сме прифатиле нешто што никогаш не сме им прифатиле. Вечерва тврдеа дека доставиле во пишана форма амандмани во Министерството, па потоа рекоа дека пратиле на мејл. Ама дознавме и дека не живеат само во паралелна реалност, туку и саатот им доцни – најмалку 4 часа. Но, според постапките изгледаат изгубени и во времето. Само не ми е јасно зошто им требаше целата оваа драмолетка?!, реагираше вчера Дескоска.

ВМРО ДПМНЕ реагираше со соопштение придружено со од копија испратениот мејл.

-Ја повикуваме Рената Десковска да го отвори сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски точно во 16 часот 19 минути и 16 секунди?За да се смали просторот за манипулации еве и помош на Десковска. Во прилог ви испраќаме слика од маилот во кој што се испратени амандманите во атачмент.

Го разбираме Зоран Заев и СДСМ дека се во паника и не знаат што да прават, но лажењето на граѓаните не е опција и не смее да биде случај.ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот, кој е клучен за правосудството во државата, нашите предлог амандмани се во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите за заштита на човековите права, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.