Во областа на сремското село Буѓановци во 1999 година, во текот на воздушните напади на НАТО на Србија, беше соборен американскиот борбен бомбардер “F-117A”, т.н. “невидлив”, кој беше соборен од страна на противвозудушната одбраната на Војската на Југославија. Тоа беше најголемото понижување на американското воздухопловство, што предизвика неверување и шок за НАТО, особено во Вашингтон.
Дотогаш се сметаше дека авионот со модерна технологија, симбол на моќ и неуништливост, кој се сметаше за невидлив за радарите, не е можно да се собори.
Бомбардерот го собори Третата дивизија од Бригадата за одбрана, коja точно во 20:42 часот, благодарение на способноста на единицата, правилната техника и како што рекоа “мали технички иновации”, успеа да го погодi од земјата.
“Ноќниот сокол” падна во селото Буѓановци, откако претходно беше гаѓан со две ракети “Нева”. Со единицата што го собори, командуваше полковникот Золтан Дани.
Американскиот бомбардер е опремен со два мотори “Џенерал електрик F404” турбо мотор, носи различни оружја, модерен систем за навигација интегриран во дигиталниот панел во пилотската кабина, што ја подобрува ефикасноста на мисијата.
Цената на овој авион, според намената – ловец, изнесува 45 милиони долари.
Авионот е долг 20,3 метри, висок 3,8 метри со распон од 13,3 метри и постигнува максимална висока суперсонична брзина од 0,9 mah.
Авионите од овој тип се дизајнирани со остри агли, кои претставуваат збир на кривини, што го отскокнува зракот на радарот, а благодарение на специјални композитни материјали, леталото не можете да се регистрира на радарот.


