Трибина „Евтаназија: Биоетички, психолошки, правни и медицински дилеми” – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 8:26 AM

Трибина „Евтаназија: Биоетички, психолошки, правни и медицински дилеми”

Во организација на Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет денеска ќе се одржи трибина на тема „Евтаназија: Биоетички, психолошки, правни и медицински дилеми”.

На трибината, што ќе се одржи на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе учествуваат проф. д-р Дејан Донев, претседател на Центарот за интегративна биоетика, проф. д-р Ана Фрицханд од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет „Јустинијан Први”, како и проф. д-р Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести при Медицинскиот факултет.

МИА