Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип одбележува 12 години постоење – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/19 8:23 AM

Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип одбележува 12 години постоење

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на свечена академија по повод 12 години од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Заев ќе има обраќање на свечената академија, а претходно е предвидена посета на штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. д-р Блажо Боев и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

МИА