Мицкоски: Има шанси осумтемина „непослушни“ пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ! – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 7:46 PM

Мицкоски: Има шанси осумтемина „непослушни“ пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата,,Само вистина“на Канал 5 рече дека постои можност осумтемина пратеници кои беа исклучени од партијата, да бидат вратени.

-Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности – рече Мицкоски.

На средбата со оваа независна пратеничка група,Мицковски  ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.