Дуел:Заев не се откажува од СЈО,за Мицковски преговорите не се блокирани – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 7:29 PM

Дуел:Заев не се откажува од СЈО,за Мицковски преговорите не се блокирани

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашната дебата со премиерот Зоран Заев на Канал 5 изјави дека партијата денеска доставила 65 амандмани до Министерството за правда по однос на Законот за јавно обвинителство.

-Преговорите за СЈО не се пропаднати, се уште траат. Мислам дека на процесот треба да му се даде шанса, па да видиме дали ќе имаме позитивен резултат. Во текот на денешниот ден до меѓународната заедница и Министерството за правда доставена е предлог верзија за амандманите. Министерството вчера ги прифати принципите откако претходно не сакаше да се согласи: правда се екого и за сите, неселективна правда, почитување на човековите права. Затоа денеска во тврда копија се доставени 65 предлог амандмани – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ако досега ова обвинителство биде инкорпорирано и му бидат оставени исти ингеренции,  целта нема да биде постигната

,,. Имаме сиромашен буџет и средства, па најдобро е да се спои. Тоа е предлогот, вели Мицкоски.

Од друга страна премиерот Заев истакна дека е оптимист кој не се откажува од иднината на Северна Македонија.

– Не се откажувам од СЈО, ниту од Катица Јанева,од Трајче Пеливанов,ниту од Артан Ајро,ниту од било кој,зошто се сриозно созададен капацитет,со сериозна финансиска независност,кој што треба да се искористи и мора да се искористи “, истакна Заев.

Додаде дека дијалогот продолжува и понатаму и треба да се направи се, со консензус да се гласа Законот.

– Се поставува прашањето дали Мицкоски и ВМРО ќе ја блокираат иднината на Северна Македонија штитејќи криминал, дали ќе се блокира земјата и ќе се изгубат преговорите за ЕУ за заштита на криминалци, заврши Заев.