Македонец настрада во пожар во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 6:53 PM

Македонец настрада во пожар во Италија

Пожарникарите во Италија гасејќи пожар во угостителски објект во близината на Кротоне, пронашле мртов маж за кој подоцна е утврдено дека е 49-годишен македонски државјанин, објави порталот „Зум 24“.

Неофицијално македонскиот државјанин бил чувар во ресторанот. На лице место пристигнала полицијата, а екипата на брзата помош констатирала смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.

Полицијата истражува како избувнал пожарот.