Жител на битолското село Трн, управител на приватна фирма,склучил договор за набавка на половен трактор.Уплатил пари,обезбедил камион за негов транспорт,но на посочената адреса ја немало фирмата од каде што требало да се преземе тракторот.
Измамата во СВР Битола четириесетитри годишниот Т.Ж ја пријавил во текот на вчерашниот ден.
Според пријавеното, тој по претходен договор со германска фирма за набавка на половен трактор, на сметка на фирма од Риека, Република Хрватска уплатил 15.500 евра. Кога испратил камион во Германија за транспорт на тракторот, увидел дека на наведената адреса не постои таква фирма.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.


