Еден од најголемите проблеми на луѓето во светот на фудбалот е субјективноста. Тоа е видливо во Европа, а најнов пример е Карлес Пујол.
На прашањето дали Вирџил ван Дајк е најдобар дефанзивец на светот, Пујол одговори одречно, а на прашањето кој е најдобар, тој одговори:
„Жерар Пике, без размислување. Ван Дајк експлодираше, но не е најдобар дефанзивец на светот.
Пике е подобар и од Рамос, подобар е и од мене, тој е најдобриот на светот. Тој е феномен и фантастичен пријател. Јас и тој сме различни типови на играчи. Тој е клучен играч во Барселона бидејќи придонесува во играта на многу начини“, изјави Пујол.


