Поради довод стар повеќе децении и дефект, интернатот во Кавадарци има проблем со напојувањето со електрична енергија. Оваа информација, за МИА ја потврди директорката Трајанка Толева.
-Проблемот е од саботата рано изутрина околу три часот. Делови на ученичкиот дом “Крсте Петков Мисирков” имаат, а делови немаат струја. Така што едни соби имаат, други немаат. Има проблем и во кујната. Засега се снаоѓаме некако и бараме каде е дефектот за да го приклониме, но без успех. Очекуваме најбрзо што може нашите напори за решавање на оваа ситуација да вродат со плод, нагласи Толева.
Со сопствени средства, тие веќе ангажирале приватни фирми за да работат на отстранување на проблемот.


