И ЕУ и Црна Гора имаат иста желба – еврото и понатаму да остане заедничка валута. Во документите на Европската комисија, како што наведува Милица Килибарда, раководител на работната група за 17. поглавје од преговорите за зачленување, кое се однесува на монетарната и економската унија, се истакнува специфичноста на Црна Гора во врска со прашањето за користењето на еврото. Употребата на европската валута целосно се разликува од членство во еврозоната.
– Ќе потсетам дека комесарот Јоханес Хан лани, кога беше отворено поглавјето, истакна дека ЕУ во текот на преговорите ќе утврди начин на примена на постојната рамка за воведување на еврото во случајот на Црна Гора. Исто така и оти по пристапувањето во Унијата, Црна Гора ќе може да продолжи да го користи еврото, под услов да не и’ ја загрози економската стабилност – истакнува Килибарда.


