Фејсбук: Oтстранети 212 профили и страници од Македонија и Косово – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 1:13 PM

Фејсбук: Oтстранети 212 профили и страници од Македонија и Косово

Социјалната мрежа Фејзбук соопшти дека отстранила вкупно 2.632 страници, групи и профили на Фејсбук и Инстаграм кои доаѓале од Иран, Русија, Македонија и Косово. Од тука велат дека страниците не биле поврзани меѓусебно.

Операцијата  воглавно била насочена кон лажните профили и администратори на групи и страници од Иран и Русија. Од овие земји се отстранети најголемиот дел од содржините- 513 од Иран, и 1.907 од Русија. Сите отстранети профили користеле слична тактика на креирање мрежи на профили со цел да создадат лажно мислење за тоа кои се и што претставуваат.
Македонија и Косово се сместени во истата анализа,се вели во соопштението од Фејзбук за акцијата, па тешко е да се дознае колку точно од отстранетите лажни профили потекнувале од Македонија.

„Лицата зад овие активности одржувале лажни профили за да администрираат страници за споделување, а најчестите содржини биле од областа на астрологијата, славните личности и совети за убавина“, наведува Фејсбук во делот кој се однесува на Македонија.