Изгаснати пожарите во Кичевско – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 12:12 PM

Изгаснати пожарите во Кичевско

По напорните обиди во претходните две деноноќија, кичевските пожарникари ги изгаснаа сите пожари што се појавија на неколку локации во регионот.

-Утрово нема активен пожар на територијата на нашата општина, вели Емин Насуфи од Општина Кичево.

Тој ги пофали пожарникарите и припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и на шумското стопанство „Лопушник”, како и Кризниот штаб.

Насуфи апелира уште еднаш граѓаните да се воздржаат од палење оган на отворено, особено стрништа , бидеќи последиците, како што рече, се огромни.

Според првичните неофицијални сознанија, факторот човек е причината за пожарите, а последиците се огромни. Изгореа шуми, нпо во тек е проценката од надлежните служби. рз/мч/