Правото на породилно отсуство од девет месеци за жените да остане исто, а мажите да добијат право на еден задолжителен месец породилно кој ќе следува веднаш по раѓањето на детето како и дополнителни три месеци, е предлог модел на „Реактор – Истражување во акција“ за Споделено родителско отсуство.
Во новиот модел за трудничко отстуство ќе му се даде право и ќе го вклучи другиот родител во улогата и грижата за децата од најраната возраст од самото раѓање, со што државата би ги исполнила сите насоки и препораки кои се состојат во декларациите и конвенциите кои државата ги има потпишано, вели Марија Башевска, претседателка на „Реактор – Истражување во акција“.
„Како што е конвецијата за елиминација за сите форми на дискриминација врз жените на Обединетите нации, но исто така како земја кандидатка за членство во Европската унија, земјата ќе мора во наредниот период да го ривидира, д аго усгласи законодавството во однос на родителското отсуство со постојаната директива која што дополнително ќе се подобри во наредните три месеци во однос на балансирање на работниот и приватниот живот на родителите“, вели Марија Башевска, претседателка на „Реактор – Истражување во акција“.
Еден сегмент од законот за работни односи е родителското и породилното отсуство кој е многу ригден, вели министеркста за труд и социјлана политика Мила Царовска, токму затоа треба да се усогласат правата помеѓу двајцата родители.
„Мајката го стекнува правото за породилно отсуство, па таткото понатаму може да го искористи само доколку таа се откаже од истото. И токму затоа ги спечуваме татковците да имаат сопствено право на одредено родителско отсуство или присуство со детето во првиот период. Има меѓународни истражувања и пракси за тоа како треба подобро да се на некој начин усогласат овие права помеѓу двајцата родители и со тоа да се обезбеди можност двајцата да учествуваат во растот и развојот на детето. Имаме некои почетни позиции ние како министерство, но е важно сите засеганти страни се согласат околку нов флексибилен модел во кои двајцата родители ќе може да учествуваат и да го споделат тоа право на родителско отсуство“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Еден модел е тестиран преку анкета на јавното мислење, со што на почетокот постојаното право од девет емсеци породилно отсуство за жените не треба да се промени сметаат од „Реактор“ туку промените да се направат за првата на мажите во однос на породилното отсуство.
„Да се додаде еден задолжителен месец за таткото, кој што би се добил веднаш по раѓањето на детето и дополнителни три месеци кои што би влегле како дополнително отсуство, меѓутоа непреносливи кои може да ги користи другиот родител, односно таткото, кои што доколку не се искористат не можат да се префрлат на другиот родител, односно на мајката значи би се изгубиле. Со ова би се стимулирале, татковците, другиот партнер или родител да ги користи дополнителните месеци на родителското отсуство“, изјави Марија Башевска, претседтаел на „Реактор – Истражување во акција“.
Она што е важно за овој модел е дека може да се прилагодува, опцијата на трите дополнителни месеци можат да бидат флексибилни и се ќе зависи од финансиските можности и модели за воведување на ново дополнително споделено родителско отсуство.


