Кина вчера потпиша договор за купување на дури 300 патнички авиони од европскиот производител „Ербас“. Од нив 290 ќе бидат од типот „А-320“, а десет од „А-350“.
Мега-зделката е договорена во рамките на државната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Франција, а на потпишувањето на договорот во Елисејската палата присуствуваа и Си и францускиот претсеател Макрон.
Авионите ги купува државната кинеска компанија ЦАХЦ.


