Македонец направи сообраќајка во Турција – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/19 9:46 AM

Македонец направи сообраќајка во Турција

Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во близина на градот Сандикли во 55 километар на автопатот Афионкахисар – Анталија, објави порталот dnevno.mk.

Несреќата се случила во близина на наплатна рампа, а како што информираат турските медиуми, била претрпена голема материјална штета на предниот дел од камионот.

Двајцата возачи биле пренесени во државната болница Сандикли.