Марихуана нема да се легализира за рекреативни цели и не постојат тековни владини анализи по ова прашање. Ова го одговорија од владата по информацијата објавена од ТВ21дека марихуаната ќе се легализира наскоро. и дека тоа ќе биде спроведено првично од Охрид и Струга, со цел привлекување на повеќе туристи.
Според на извори на ТВ21 наводно анализите на Владата покажале дека легализацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, а со тоа и поголем девизен прилив во тие места.
„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели“, информираат од Владата.


