Триесет и двегодишен битолчанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила вчера попладне на патот село Лисолај – Битола, сооопшти денеска МВР.
До незгодата дошло кога дваесет и петгодишен жител на селото Белче со возило „Шевролет спарк“ удрил во сега повредениот маж, кој управувал возило „Опел корса“.
По сообраќајката, тој е пренесен во Клиничката болница Битола. Возачот на „Шевролет спарк“ и неговиот сопатник исто така се здобиле со повреди.
Од МВР информираат дека полицијата извршила увид на местото на настанот.