Апел за помош за малиот Борјан од Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/19 11:04 AM

Апел за помош за малиот Борјан од Скопје

Трајанчо и Ане Гигови од Скопје апелираат до хуманите граѓани за помош за нивниот шестгодишен син, Борјан кој треба да замине на лекување во Германија.

Малиот Борјан има повеќе дијагнози – аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот. Со цел за подобрување на неговата здравствена состојба, веќе е договорен третман со матични клетки, што чини 23 000 евра. Родителите не се во можност да ја обезбедат оваа сума, затоа апелираат до граѓаните, доколку можат да донираат на следните донациски броеви:

143 177 – за корисниците на Телеком

143 471 – за корисниците на ВИП